Партерно уредување на двор
со бекатон плочки
Почетна / Услуги / Уредување со павер елементи /
Најпрво се подготвува постоечката подлога, се набива и врз неа се поставува геотекстил за стабилизирање кој спречува никнување на тревки помеѓу бекатон плочките. Потоа се нанесува тампон со фракција 0-63mm, добро се набива и се предвидуваат наклони за одводнување на водата. Врз набиениот тампон се нанесува израмнителен слој од дробен камен со фракција 4-8mm во слој од 4-6cm. Врз него се поставуваат бекатон плочки со димензии 10/20/6cm во сива боја, се набиваат со вибро плоча и се пополнуваат фугите со ситна ризла.