Завршен проект
Партерно уредување на дворно место во населба Отовица. Изведени се армиранобетонски тротоари околу куќата и патеки поплочени со правоаголни бекатон плочки во сива боја, со сертификат за отпорност на сол и мраз, ограничени со парковски рабници поставени во бетонска основа. Изведени се и армиранобетонски парапетни ѕидови околу парцелата и армиранобетонска плоча за тераса.